Нов автоплин на „Макпетрол“
„Макпетрол“ АД Скопје ја заокружи палетата на Ултра горив, со пуштањето во промет на новото Ultra LPG pluс. Станува збор за автомобилски течен нафтен гас кој во целост ги задоволува македонскиот и европскиот МКС ЕН 589 стандард.
- Ultra LPG plus горивото на Макпетрол е збогатено со адитиви специјално дизајнирани за употреба како ефикасно погонско гориво на возилата, рече Горан Ангеловски, директор на Дирекцијата за стандардизација, квалитет и екологија на „Макпетрол“ на денешната прес-конференција.
Тој појасни дека новото гориво на Макпетрол овозможува намалување на ефектот на рано палење на горивната смеса и зголемување на моќноста на моторот, отстранување на остатоците и наслагите во системот за вбризгување со што се овозможува подобро распрскување и согорување на горивото што, пак, доведува до зголемена ефикасност на моторот, економична потрошувачка и намалена емисија на издувни гасови.
Директорот на малопродажба Љупчо Георгиевски рече дека во моментов има преку 45.000 корисници на ВЕРНА LOYALTY програмата на Макпетрол со која ја наградуваат лојалноста на своите купувачи.
Ново на Сител
-
Двајца малолетници со закани принудувале малолетнички полово да ги задоволуваат
-
Со автомобил удрен пешак во Скопје, се здобил со тешки телесни повреди
-
Објавен редоследот на евровизиските настапи во мај
-
Во Египет откриена гробница на фараон стара 3.600 години
-
Анчелоти идната недела на суд за даночна измама
-
Попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-
Четири млади лица приведени во кавадаречко, поседувале бела грутчеста материја
-
За време на продолжениот викенд јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред