МНР демантира: Димитров не знаел за „Рекет“
Министерството за надворешни работи преку соопштение реагира во врска со денешната изјава на почесниот конзул на Летонија, бизнисменот Зоран Митровски, за која оценува дека претставува „груба лага“.
Во реакцијата се посочува дека со поранешниот нерезидентен амбасадор на Летонија за земјава Сарканис, министерот Димитров имал многу кус, сосем неформален разговор за време на дипломатски коктел, кога тој во земјата доаѓа пред се во друго дипломатско својство и второ, на тема која нема допирна точка со аферата „Рекет“, на што впрочем укажува и датумот кога се сретнале – 18 октомври 2018 година, како и неформалниот карактер на разговорот: на стоење, без закажување, со 40-ина луѓе наоколу.
– Амбасадорот, за време на тој неформален разговор точно е дека го спомнал почесниот конзул на Летонија, бизнисменот Зоран Митровски, ама само за да се пожали дека тој во медиумите бил спомнуван како осомничен во отворена истрага. Темата „Рекет” никогаш не е спомната. Министерот за надворешни работи Димитров сметајќи дека евентуални коментари во таа насока би биле злоупотреба на дипломатскиот и конзуларен статус, само го информирал амбасадорот дека во нашата држава медиумите се слободни и дека Владата не може да влијае во работата на медиумите, ниту за почесни конзули, ниту за министри и така завршува разговорот, се наведува во соопштението
Подоцна, согласно протоколот, се додава во соопштението, Кабинетот на Димиторв побарал средба со почесниот конзул за да се добијат дополнителни информации, но токму конзулот Митровски немал интерес за официјална средба и никогаш не дошол на состанок.
– Повикуваме веднаш да се престане со ширење на вакви лаги кои се во функција да му наштетат на угледот и интегритетот на министерот за надворешни работи Никола Димитров, преку негово поврзување со афера со која што тој нема никаков допир, што се разбира може да е и нивна цел, а кои влијаат негативно и на државните интереси и истовремено го подриваат и самиот судски процес, стои во реакцијата од Министерството за надворешни работи.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Можете да ме убиете, но нема да има преодна или експертска влада
-
Уапсен 23-годишник од Дебар, управувал со возило без возачка дозвола и бил под дејство на алкохол
-
17 годишен скопјанец тешко повреден откако бил нападнат на постојка во Центар
-
Тригодишно дете заболено со голема кашлица
-
Бојкот на продавници во БиХ поради високите цени на основните намирници
-
Мицкоски и Азески го поддржуваат бојкотот на маркетите, сметаат дека дијалогот е единствен излез од оваа ситуација
-
Бислимоски: Наскоро нов пристап за набавка на електрична енергија за државните непрофитни институции
-
Се заканувале со остар предмет и ги земале парите од дневниот промет - приведени двајца разбојници во Куманово