Живот
25. December 2019 - 13:55

Калинките и малините го подмладуваат телото

Швајцарски научници утврдија дека калинките и малините го забавуваат стареењето на човечкото тело и прават да се чувствуваме и изгледаме помладо.

Испитувањето е спроведено со помош на околу 60 повозрасни доброволци со „побавен“ животен стил. Резултатите пак, покажуваат дека високото ниво на соединението уролитин А ги стимулираат гените кои го запираат слабеењето и стареењето на мускулите во телото.

– Новите сознанија, изградени и врз основа на претходни претклинички испитувања, навистина разјаснуваат како уролитинот А може од корен да го промени човековото здравје, вели професорот Јохан Оверкс од Федералното политехничко училиште во Лозана.

На овој начин, експертите ги докажаа подмладувачките својства на ова соединение без да има какви било несакани ефекти.