Од Стразбур порака за почеток на преговорите пред изборите, Владата најавува испорачување на уште повеќе аргументи до ЕК
Република Северна Македонија да ги почне преговорите за членство во Европската Унија до одржување на предвремените парламентарни избори побара Мешовиот парламентарен комитет Република Северна Македонија – Европска Унија. Се бара од земјите членки на Унијата да се заложат и да донесат одлука за старт на преговорите најдоцна до состанокот на Советот на Унијата во март 2020 година.
На состанокот што изминатите два дена се одржуваше во Стразбур ѝ е оддадено признание на земјава за постигнатите резултати и посочени се областите каде што е потребен напредок. Истакнато е дека Европската комисија останува на својата препорака за старт на преговорите за членство бидејќи земјава ги има исполнето условите, но со забелешка дека ваквиот став „не е статичка категорија и не може да се живее на стара слава“.
Според претседателот на делегацијата на Европскиот парламент во Комитетот, Андреас Шиедер, Унијата има историска улога „да им дозволи на младите генерации од Северна Македонија да станат полноправни членови на ЕУ, бидејќи една генерација е веќе загубена“.
– Нема друга алтернатива, истакна Шиедер на заседанието на Мешовитиот парламентарен комитет.
Власта во земјава останува силен поддржувач на евроинтеграциските процеси и тоа вчера на новиот комесар за соседска политика и проширување Оливер Верхеји лично му го пренел премиерот Зоран Заев.
На средбата одржана на маргините на Самитот на Централноевропската иницијатива во Рим, премиерот порачал дека земјава ќе испорача уште повеќе аргументи до Европската комисија и до сите земји членки на ЕУ, одложената позитивна одлука да дојде колку што е можно поскоро за да биде исправена грешката од Самитот на Европскиот совет во октомври.
Ваквите најави, според Верхеји, се значајни, а тој очекува и вклучување и поддршка од сите политички фактори во земјава, вклучувајќи ја и опозицијата, особено при донесувањето на законот за јавното обвинителство. Верхеји, како што вчера пренесе владината прес-служба, најавил и посета на земјава и засилен ангажман од целата Европска комисија за да се потврди определбата за забрзани перспективи за проширување и јасна економска корист за земјите и граѓаните од Западен Балкан.
Препораките на Мешовитиот парламентарен комитет усогласени по дводневниот состанок ќе бидат испратени до Европарламентот, Советот на Европската Унија и Европската комисија, како и до Собранието и Владата во земјава.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Состојбата во владината коалиција е одлична, ќе се случи средба со Таравари
-
Сите 80 општини поднеле апликации за реализација на проекти од вториот владин повик
-
Три лица се повредени при напад со остар предмет во кочанско
-
15-годишник со мотор удрил во малолетник
-
Две жени од Куманово нападнати од нивните партнери
-
Сопругата на глумецот Џорџ Клуни се соочува со забрана за влез во САД
-
Зголемена фреквенција на возила на Табановце, на останатите гранични премини нема подолги задржувања
-
Бројот на работници во индустријата намален за 3,9 проценти во првиот квартал