Комерсант: Дејтонско сценарио за решавање на конфликтот во Донбас
Инсистирањето на Русија за почитување на Минскиот договор може да укаже на тоа дека Москва е заинтересирана за решавање на конфликтот во Донбас според Дејтонското сценарио, пишува московскиот весник „Комерсант“.
Весникот наведува дека по потпишувањето на договорот, БиХ функционира по принципот на консензус: сите клучни одлуки за земјата се донесуваат со согласност на двете страни, со што „Република Српска фактички доби право на вето не само на формирањето на раководните тела на Босна, туку и на воспоставувањето на приоритети за надворешна политика“.
„На пример, влезот во ЕУ или во НАТО. А, бидејќи Република Српска првенствено е фокусирана на Србија, а во последно време се повеќе на Москва, влезот на Босна во НАТО е апсолутно нереален. Во секој случај, сè додека Белград или Москва не го сменат својот став во врска со Алијансата“, пишува Комерсант во текстот под наслов „Сценарио за Донбас“.
Весникот наведува дека раководството на Република Српска има уште еден притисок и на централната власт и на меѓународната заедница.
– Сите нивни обиди да ја зајакнат функционалноста на БиХ наидуваат на остро противење од Република Српска. И предупредуваат: при обид да се измени Дејтонската формула ќе одржиме референдум за независност и спојување кон Србија, пишува весникот.
„За Украина – тешко. Но, во 1995 година, властите во Сараево многу малку ги прашуваа дали им се допаѓа Дејтонската формула. Главната работа беше да се постигне мир. Дури и по цена да се направи таа земја и нефункционална и четвртина век подоцна”, додава „Комерсант“.
Ново на Сител
-
Тројца мажи осудени за обид за уцена на семејството на Михаел Шумахер
-
Зеленски: Имав значаен разговор со Трамп, заеднички работиме на крај на војната
-
Храната како психолошка зависност | Теодора Делиќ | Личен Развој | Sitel Podcast 082
-
Србија: Уапсени 15 лица, меѓу кои и градоначалникот на Обреновац поради злоупотреби во јавни набавки
-
Трамп разговараше со Зеленски веднаш по разговорот со Путин
-
Врнежи од снег на планинските превои, да се вози внимателно
-
Амбасадорот на Саудиска Арабија: Нема алкохол на Светското првенство во 2034 година
-
Инцидент на дива депонија во Шуто Оризари: Инспектор од Град Скопје пријавил закани од градоначалникот