Русите и Јапонците прават робот кој ќе работи на Месечината
Руската компанија за Андроид Технолоџи и јапонскиот стартап ГИТАИ планираат да направат робот што ќе работи на површината на Месечината, изјави за ТАСС извршниот директор на руската компанија Евгениј Дудоров.
– Колегите од Јапонија размислуваат во истата насока како и ние, набљудувајќи го чекор по чекор дизајнот на роботски системи за истражување на блиската и далечната Вселена, потенцираше Дудоров. – И ние и тие ја идентификуваме Месечината, односно роботските системи кои би можеле да функционираат и извршуваат задачи на Месечината, како наша главна цел, појасни Русинот.
Според Дудоров, ГИТАИ е специјализирана за антропоморфни роботи и користи контролори слични на оние што ги развива Андроид Технолоџи. Уредот овозможува контрола на роботите во режим за аватар, за време на кој ќе ги имитира дејствата на човечки контролер за изведување на одредени манипулации.
Прелиминарен договор за соработка беше постигнат кога претставниците на јапонската компанија ја посетија Русија претходно оваа недела.
– Ќе потпишеме договор за соработка. Подоцна ќе направиме заедничка структура на планови за 2020, 2021 и други години, рече Дудоров, додавајќи дека договорот ќе биде потпишан наскоро.
Ново на Сител
-
„Данас“/Соговорници: Вучиќ покажува дека ја презира работничката класа
-
Земјотрес од четири степени во поширокото подрачје на Лос Анџелес
-
Русија достави резолуција до ОН за забрана на оружјето во вселената
-
При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица
-
Уште пет дена кампања за претседателските и парламентарните избори
-
Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата во Северна Македонија
-
Велики четврток - почнуваат велигденските празнувања
-
Во Србија продолжува парламентарна расправа, се чека гласање за новата влада