Иницијативата против депонија во Неготино ги собра првично потребните сто потписи
Иницијативата против депонија за индустриски отпад во Неготино ги собра првично потребните сто потписи. Стартот на собирањето потписи утринава го започна Сашко Тодоров, претседател на Здружението на граѓани „Ековита”, во канцеларијата на Државна изборна комисија, подрачно одделение Велес, канцеларија Неготино.
– Законски, имавме рок до 18 овој месец да собереме 100 потписи за оваа иницијатива. Но, ние веднаш ги собравме потребните потписи, па и повеќе од тоа, рече Тодоров за МИА.
Со собрани сто потписи, по оваа иницијатива, околу тоа дали има надлежност, треба да се изјасни Советот на општината.
– Доколку Советот се изјасни дека иницијативата е уредна, потоа треба да се соберат околу 3.200 потписи, најмалку 20 проценти од лицата со право на глас во избирачкиот список за општина Неготино, како иницијатива за распишување на референдум по ова прашање. Со собрани потписи, понатаму Советот одлучува за распишување референдум, појаснија од ДИК.
Како билошки инжењер по професија, Тодор повтори дека луѓето стравуваат дека депонијата негативно ќе влијае врз здравјето и околината, како и врз единственото заштитено подрачје Орлово Брдо во општината.
Ново на Сител
-
Новата ракометна сезона почнува на 6 септември, на стартот Алкалоид – Охрид
-
Дивац опериран по сообраќајна несреќа во Црна Гора
-
Мбапе пуштен од болницата во Мајами
-
Истрага против две лица за тешката сообраќајна несреќа во Охрид
-
САД распоредуваат трет носач на авиони поблиску до конфликтот на Блискиот Исток
-
„Амазон“ ќе произведува 10.000 самоуправувачки „роботакси“ - возила годишно
-
Дисциплинската комисија на ЈОРСМ утврдила крупни грешки кај шефот на Вишото јавно обвинителство
-
На граничните премини Богородица и Табановце од македонска страна се чека до половина час