Џет-Сет
30. November 2015 - 15:33

Се за љубов: Сека и сопругот се сликаа голи

Пејачката Сека Алексиќ секојдневно објавува свои фотографии на социјалната мрежа Инстаграм за своите фанови и тоа од настапи како и од приватниот живот.

Алексиќ главно е сама на фотографии, но знае да објави и од пријателите и соработниците како и од сопругот Вељко.

Овој пат Сека позираше со својот сакан и тоа немаше да биде ништо чудно ако и двајцата не беа голи во прегратка.

Сека за овие фотографии напиша „љубов“, а фотографиите за кратко време ги лајкуваа нејзините големи фанови.