Виница ќе добие пари од Источниот плански регион за реконструкција на кино салата
За реконструкција на старата кино сала во централното градско подрачје Општина Виница ќе добие 14,5 милиони денари од Програмата за регионален развој на, одлучи Советот на градоначалници од Источниот плански регион.
Ова е прв проект што Центарот за развој на регионот во овој мандатен состав ќе го финансира во Виница, а вкупната финансиска конструкција за реализација на градежните рабти е планирана на околу 20 милиони денари, во кои општинското кофинансирање ќе биде 20 отсто.
– Реконструкцијата на кино салата беше оценет како приоритетен меѓу 12 предложени проекти од девет општини, при што Виница ќе добие скоро половина од планираните 35,5 милиони денари од буџетот за 2020 година од Програмата за регионален развој. Со овој проект е предвидено санирање на постојните простории и додавање на нови содржини што ќе ја дополнат и збогатат функцијата на целиот објект. Предмет на разработка се кино салата, влезното фоаје, како и решавање на кровниот покривач и изработка на нова фасада. Со одобрената сума од буџетот на Регионот и со нашето финансиско учество сметам дека ќе успееме да го промениме ликот на централното подрачје околу градскиот пазар, истакна градоначалникот на Виница, Ивица Димитров.
Кино салата во Виница, за чија реконструкција има изработено идејно-техничко решение, со децении не е во функција поради дотраеноста на зградата, а во објектот нема ниту соодветна електрична, водоводна и канализациска инсталација.
Освен Виница, пари од буџетот на Источниот плански регион за реализација на проекти добија и општините Штип и Македонска Каменица.
Ново на Сител
-
Најмногу дожд во изминативе 24 часа падна во Штип
-
Андоновски најави укинување на балансерот во фази, за ДУИ и Села тоа е директен напад на Охридскиот договор
-
Друштвото Преспа: Во Албанија етнички Бугари нема
-
Лишена од слобода скопјанка барана со потерница
-
Владата на Косово го забрани Тик Ток во јавните институции
-
Хрватска смета дека е неприфатлива одлуката на Црна Гора да ја донесе Резолуцијата за геноцидот во Јасеновац
-
Поради градежни активности изменет режим на сообраќај во дел од Општина Аеродром
-
ЕУ ги дополни листите на санкционирани за поддршка на агресијата врз Украина