Димовски наместо прашања, читаше цитати од Заев
На денешната собраниска седница предвидена за поставување пратенички прашања пратеникот од ВМРО – ДПМНЕ Илија Димовски не постави прашање до премиерот Зоран Заев, затоа што, како што рече, се претпоследни пратенички прашања на овој собраниски состав, а актуелната Влада има уште 25 работни дена, но читаше одговори и ветувања од премиерот дадени од собраниската говорница во многу области.
Димовски цитираше одговори на пратенички прашања од премиерот Заев за даноци, придонеси, нови патарини, за меѓународна истрага за Смилковско езеро, Диво насење, за Никола Младенов, за редефинирање на државните институции, за економскиот раст, за прилепски Еурокомпозит, за нови ветерници во Овчеполието, за загадувањето во Тетово од Југохром, за Осломеј и ТЕЦ Неготино, за Чебрен и Галиште дека државата сама ќе ги гради и многу други, и како што наведе, најважното за добивањето датум за преговори со ЕУ.
За потпретседателот на Собранието Горан Мисовски однесувањето на пратеникот Димовски е некоректно и понижувачки за другите негови колеги пратеници и за присутните министри.
Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ, рече дека Димовски го искористил правото да нема прашање, туку само да презентира констатации од тоа што премиерот од говорницата го има кажано, а го нема реализирано. Тој замоли на последните пратенички прашања да бидат присутни сите министри во Владата.
– На оваа седница од 28 министерства и министри, имаме само пет присутни. Ова не е првпат. Односот на министрите во Владата на СДСМ кон пратениците, го отсликува односот на целата Влада кон граѓаните. Ова е веќе редовна пракса на пратенички прашања што се одржуваат еднаш месечно да ни доаѓаат заменици министри, а некои од министрите немаат влезено во оваа сала од денот кога станаа министри, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ.
Диме Велков, пратеник од СДСМ нагласи дека согласно Деловникот на Собранието, член 37, пратеникот има право на премиерот, на член на Владата и на другите носители на јавни функции, кои се одговорни пред Собранието да им постави прашањае, а тоа треба да е кратко и прецизно. Упати апел до неговиот колега Димовски да не се прават и спроведуваат сценарија за да не им се даде можност на премиерот и на министрите да одговорат.
Претходно, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски одговарајќи на пратеничко прашање, изрази надеж дека до крајот на оваа година ќе бидат исплатени парите на околу 600 семејства лозаропроизводители кои веќе го предале грозјето во винариите Повардарие и Стефани.
Нагласи дека со тоа ќе се исправи долгогодишна неправда кон лозарите.
– Се работи за административна постапка. Земјоделците нема да поднесуваат дополнителни барања, туку се работи за однапред завршена постапка односно Државниот инспекторат излезе и направи контрола и има списоци, изјави министерот Димковски.
Министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски во однос на новиот граничен премин Пуљевац со Грција информира дека од Мушов Гроб до Мрежичко се изработени 6,3 километри пат, а се обезбедени финансиски средства во делот на проектната документација. Сугаревски потенцира дека интензивно ќе се продолжи со работа во 2020 година.
Ново на Сител
-
76-годишна прилепчанка измамена за 380.000 денари - ја убедиле дека внука ѝ ќе оди во затвор
-
Оштетен автомобилот на скопјанка по тепачка со жена на Бит Пазар
-
Скопјанец нападнат од својот малолетен внук
-
Зеленски: Украина стори се што беше можно да ги отвори преговорите со ЕУ во јуни
-
СЗО: Медицинска помош не е влезена во Газа од израелското заземање на преминот Рафа, на 6 мај
-
Словачкото обвинителство побара притвор за напаѓачот на премиерот Фицо, судот за тоа ќе одлучува утре
-
УЈП ги потсетува граѓаните да ги проверат своите годишни даночни пријави за 2023
-
Тешко повредено едно лице откако српско возило излетало од автопатот Неготино - Демир Капија