ОН со повик до Грција да ги подобри условите во камповите за мигранти
Грција треба итно да интервенира и да ги подобри „очајните” и неприфатливи услови во своите преполни кампови за мигранти, изјави високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди денеска за време на посетата на грчкиот остров Лезбос.
– Без оглед на ситуацијата на тие луѓе, не можеме да прифатиме да живееме во очајни услови, изложени на насилство и експлоатација, рече шефот на УНХЦР Гранди по посетата на бегалскиот камп Морија на Лезбос.
Гранди, кој е во дводневна посета во Грција, додаде дека овие услови за живеење треба итно да се подобрат.
Неговата посета уследи по кратко време откако грчката Влада објави дека ќе спроведе голема програма за реорганизација на камповите за азил во петте егејски острови кои се најмногу изложени на прилив на мигранти заради близина на Турција.
Според грчките власти, повеќе од 39.000 баратели на азил во моментов живеат на тие пет острови – Лезбос, Самос, Хиос, Лерос и Кос, каде се регистрираат стотици нови пристигнувања дневно.
Ново на Сител
-
Јадар во Србија меѓу 13 стратешки проекти на ЕУ со критични минерали
-
Трамп разговарал со Путин - не бил разговор што „ќе доведе до моментален мир“
-
Захарова: Западот е соучесник во украинските напади врз цивилни цели во Русија
-
Новите кадровски решенија на Владата на дневен ред на собраниска седница во понеделник
-
Побаран вонреден инспекциски надзор во врска со смртта на тригодишното детенце од Кавадарци
-
Париз домаќин на преговорите за трговија меѓу САД и ЕУ
-
Министерот Мисајловски во Брисел на состанок на министри за одбрана на НАТО
-
Родителите на момчето од Кавадарци кое почина на пат кон скопските клиники бараат испитување на лекарска грешка