ВМРО-ДПМНЕ: Буџетот неразвоен, нереален и не ги отсликува реалните потреби на граѓаните и државата
Зоран Заев и Нина Ангеловска го скроија најмегаломанскиот буџет во историјата на државата. Власта догодина планира да потроши 4 милијарди евра.
И додека буџетот е зголемен за 200 милиони евра, од стапката капитални инвестиции власта предвидува 43 милиони евра помалку од оваа година.
Заев предвидува помалку пари за патишта, пруги и гасоводи. Но затоа има над 850 милиони евра за стоки и услуги.
Власта расипнички и недомаќински се однесува со парите на граѓаните, и затоа и одвојува над 180 милиони евра повеќе за стоки и услуги од оваа година. Тоа се пари кои ќе се трошат за привремени вработувања, тендери и дневници за функционерите.
И додека се фалат дека буџетот е за граѓаните. Имаме намалување на 17% од стапката за наука. Нема повеќе пари ниту за земјоделците.
Овој буџет е неразвоен и нереален. Тој не ги отсликува реалните потреби на граѓаните и државата.
Ново на Сител
-
Собранието ја отфрли интерпелацијата за Изет Меџити
-
Град Скопје најавува кривична пријава за Курто Дудуш поради дива депонија
-
На ГП "Ќафасан" албанската полиција спречи шверц на лекови
-
Помина интерпелацијата за Даути во Собранието
-
Над девет милиони шверцувани цигари откриени на атинското пристаниште Пиреас
-
Безживотно женско тело извадено од водите на Вардар
-
Захарова: Зеленски се покажа како крволочно чудовиште
-
Кремљ: Путин е подготвен за разговори со Трамп