На „црниот петок“ Американците потрошиле над 10 милијарди долари
За време на овогодишниот „црн петок“, со кој традиционално почнува сезоната на предбожиќни попусти во САД, Американците поторшиле над 10 милијарди долари, јави ТАСС.
Според податоците на агенцијата „Шопер трак“, во петокот во продавниците ширум САД биле купени стоки на попуст во инозс од околу 10,4 милијарди долари, што е за 10 отсто помалку во споредба со ланскиот „црн петок“.
Во оваа сума не се вклучени податоците од интернет продажбата која достигнала 2,7 милијарди долари, што е за 14,3 отсто повеќе во однос на лани.
Ваквите податоци, според агенцијата, се доказ дека Американците се повеќе се решваат за онлајн набавки, наместо на традицоонален начин.
Големите попусти еден месец пред Божик се традиција во САД уште од 19-от век, но годинава многу продавници решија да не го чекаат „црниот петок“ и ги намалија цените на своите поризводи некоклу дена претходно.
Називот „црн петок“ води потекло од Филаделфија, чии жители биле револтирани од метежот во сообраќајот и по улиците на првиот ден од сезоната на попуситите.
Ново на Сител
-
Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра
-
Зголемен бројот на работници во индустријата
-
78-годишен тетовчанец тешко повреден во сообраќајка
-
Утре и задутре локални врнежи, во недела стабилно и потопло
-
Уапсен поранешен помошник министер, поранешен декан и професор на Геодетскиот факултет во Хрватска
-
Палевски тврди дека власта го држи во Турција поради изборите
-
Белградски енергетски форум на 13 и 14 мај во Белград
-
Изречени 130 санкции за брзо возење на територија на државата