Цветан Трипуновски: СДСМ ги злоупотребува институциите за партиски цели
СДСМ ги злоупотребува институциите за партиски цели. Во последните година дена, откако почнав да ги обелоденувам катастрофалните политики на СДСМ во земјоделието станав трн во око за фамилијата Заеви.
Првин ме избркаа од работа, а откако видоа дека не можат да ме запрат, почнаа да бараат начин трајно да ме замолчат.
На неколку наврати ми беа испраќани провокатори кои сакаа да ме предизвикаат на физичка пресметка. Не подлегнав.
Во последните месеци засилено работеа на изнаоѓање на начин како да ми измислат и натоварат дела, и да ми подигнат лажно обвинение, како наместо по комитети би ме влечкале по судови.
Моментално веќе подолг период во фиока во МВР стои изготвена фингирана кривична пријава против мене, без основа и аргументи.
Овие информации дојдоа до нас од страна на свиркачи, кои се загрижени во кој правец се движи државата. Институциите целосно се ставени во функции на фамилијата Заеви.
Правна држава не постои се додека на власт е Заев и фамилијата.
Заев го претвори животот на македонецот во пекол. Дури и затворот е поблага форма на измачување од пеколот кој Заев им го приредува на граѓаните секој ден.
Попусти се сите обиди за заплашување. Сите уцени и закани. И сто кривични да ми поднесете и што и да се обидете да ми направите вие нема да ме замолчите.
Јас останувам рамо до рамо со земјоделците. Ќе се борам за нивните права. Ќе се борам за напатениот македонски земјоделец.
Упатувам порака до сите оние кои учествувале во изготвување и процесуирање на фингираната кривична пријава, како против мене така и против други политички неистомисленици на СДСМ дека времето на безредие поминува.
Доаѓа 12 април. По 12 април доаѓа обнова. Обнова на правната држава пред се. Тогаш секој еден кој се огрешил пред законот, злоупотребувал институции и на сметка на политичката позиција шиканирал луѓе ќе мора да сноси одговорност.
Прес-конференција на Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Приведен дилер во Скопје
-
Провалил во стан и со закани грабнал лице кое му должело пари - притвор за 56-годишен скопјанец
-
Детектор анкета: Мерките за замрзнување на цените не даваат ефект, граѓаните ги обвинуваат маркетите за инфлацијата
-
Санкционирани 549 возачи во Скопје, 187 за брзо возење
-
Изгаснати два пожари во Велес
-
Кик бокс Маи Таи Федерацијата продолжува да расте
-
ДПИ ќе реферира во вторник на Влада за состојбата со високите цени на храната, можни се мерки за нивно ограничување
-
Рама: Деновиве ќе биде блокиран ТикТок во Албанија