Бизнис форум меѓу чешки и македонски текстилни и кожарски компании во Штип
Компании од текстилниот и кожарскиот сектор од земјава и Република Чешка денеска се дел од бизнис форумот, што се одржува во Мултимедијалниот центар „Киро Глигоров“ во Штип. Амбасадорот на Република Чешка во земјава, Мирослав Томан, верува дека преку овој бизнис форум ќе се воспостави соработка меѓу чешките и македонските компании од овие сектори.
-Преку овој бизнис форум ќе се остварат нови контакти, нови можности за соработка што ги сметаме за плодови и токму тоа е целта на денешиот бизнис форум, вели Томан.
Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, забележа дека овој бизнис форум е значаен за Штип како текстилен град, во кој работат околу 70 текстилни конфекции.
-Многу е значен за конекција, вмрежување меѓу компаниите кои се дојдени овде од Чешка, со нашите домашни компании, со цел отварање на нови можности, градење на нови мостови, создавање на нови работни места и нудење на подобри и попристојни услови за работа со попристојни плати, вели Бочварски.
Извршниот директор на чешката асоцијација за текстил и облека АТОК, Јиржи Чесал, вели дека овој сектор во неговата земја е во стагнација. Таму фирмите сакаат да се развиваат, но имаат потреба од квалификувана работна сила. Овој проблем доаѓа поради тоа што во оваа земја процентот на невработените е само 2,6.
-Ова е проблем со којшто Република Чешка се обиде да го реши со примање на работници од Украина, но не се покажа како добро решение. Ние сметаме дека е подобра меѓународната соработка, во смисла на тоа дека производството би се споделило, а не да се примаат работници од други земји. Тука го гледаме македонскиот пазар, како природен пазар, каде што би сакале да соработуваме, вели Чесал.
Очекува соработката меѓу чешките и македонските компании, кои ќе ја воспостават по овој бизнис форум да не биде само на една година, туку да биде долгорочен. Во оваа земја просечната плата во текстилната индустрија е 1.000 евра, додека во секторот за облека е над 700 евра. Во Република Чешка има над 600 компании од текстилниот сектор, кои вработуваат над 20 лица, а се ориентирани кон техничкиот текстил.
Извршниот директор на Текстилниот Кластер во Република Северна Македонија, Наташа Сивевска, смета дека отворањето на нови пазари за македонските компании е голем предизвик.
-Очекувам да организираме добри средби во две насоки и тоа во насока на соработка со чешки брендови, каде што облеката би се произведувала во Македонија и втора насока во делот на набавка на технички материјали, за коешто тие имаат производство, вели Сивевска.
Ново на Сител
-
Катар го суспендира воздушниот сообраќај како превентивна мерка
-
На граѓаните на САД во Катар им е препорачано да се „засолнат“ додека Иран најавува одмазда
-
Прогласена вонредна состојба на грчкиот остров Хиос поради пожарите
-
Трамп: Никој да не ги зголемува цените на нафтата
-
Истрага за насилство против татко и неговите два сина, од кои едниот малолетен
-
Евакуација на четворица македонски државјани од Израел
-
ДУИ и ВЛЕН застанаа зад САД за Иран
-
Истрага за семејно насилство во Батинци – тешко повреден маж, вмешани татко, син и малолетник