-->
-->
Намалени продажните цени на производителите на индустриски производи
-->
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во октомври годинава се пониски за 0,1 отсто на месечно ниво, односно за 4,4 проценти на годишно.
Како што соопшти Државниот завод за статистика, во споредба со септември 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Капитални производи за 0,6 отсто, Енергија за 0,2 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,1 процент.
Во октомври 2015 во споредба со октомври 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Енергија за 11 отсто, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,8 и Интермедијарни производи, освен енергија за 0,5 проценти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Зеленски: Ситуацијата на украинскиот фронт е „многу предизвикувачка“
-
Сто дена Влада - Мицкоски ќе ја презентира досегашната работа
-
Пензиите зголемени за 2500 денари
-
Прв академски час
-
Во Управниот суд ќе се одржи промоција на систем за аудио и видео снимање на судски расправи
-
Стејт департмент: На Украина не и треба дозвола од САД за користење сопствено оружје во напади врз Русија
-
Путин нареди регрутирање на 133.000 војници
-
Борел: На Блискиот Исток треба да замолчи оружјето, а да зборува дипломатијата