Џет-Сет
27. November 2015 - 11:56

Стилистот на Елена и Маја распали по Цаци „Пакосна“

Откако изминатата недела се емитуваше модната емисија на Цаци Паковска во која таа заедно со нејзините гости ги коментираа и критикуваа изгледите на пејачите од „Скопски фестивал“, се огласи и стилистот Даниел Николовски кој се грижи за изгледот на неколку популарни пејачи меѓу кои и Елена Ристеска и Маја Вукиќевиќ.

Како за повеќето учесници на фестивалот така и за Елена и Маја модните критичари го дадоа своето видување за тоа колку бил добар или лош нивниот изглед  на сцена.

maja-vuk

Младиот и успешен стилист Даниел Николовски преку коментар на Фејсбук „распали“ по коментарите кои веројатно не му се допаднаа, па и порача на Паковска да престане да се бламира и да коментира креации на вистински дизајнери.

elena11

Повикана по ваквата објава се почуствува и Маја Вучичевиќ која не се воздржа а да не го даде своето мислење. Што точно напишаа читате во продолжение:

da

maja

Извор: Вистина.мк