Едно загинато и едно потешко повредено лице во сообраќајки во Скопје
Еден возач на трактор загинал, еден возач на мотоцикл е тешко повреден, а девет лица се полесно повредени во шест од вкупно 14 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во седум сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.
Од сообраќај, според податоците на СВР Скопје, се исклучени седум возачи кои се движеле со поголема брзина, четири возачи кои возеле под дејство на алкохол, 10 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, еден возач почетник и 10 возила нерегистрирани.
За непрописно паркирање казнети се 57 возачи, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 65 возила.
Евидентирани се и 11 пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, двајца возачи кои поминале крстосница на црвено светло, цетири возачи за неправилно престројување, еден за неправилно престигнување, еден возач за некористење на заштитен шлем на вел со мотор, мопед и мотоцикл, 17 возачи за неносење сигурносен појас за време на управување моторни возила и 16 возачи за коирстење мобилен телефон за време на управување моторни возила.
Ново на Сител
-
Мерц: Европа ќе ги заостри санкциите кон Русија
-
Песков: Рок за меморандум за примирје е невозможен
-
Министри на ЕУ ќе разговараат за војната во Украина, Блискиот Исток и одбранбените капацитети
-
Членките на СЗО гласаа за глобален договор за подобрување на подготвеноста за пандемии
-
Надзорна расправа за аерозагадувањето на собраниската Комисија за здравство
-
Седница на Уставен суд
-
Поништен изборот на уставната судијка Дуковска, одложена седницата за Законот за јазиците
-
Зеленски: Ако Русија сака нашите војници да се повлечат од нашата земја, тоа значи дека не сака крај на војната