Светиниколското училиште „Кочо Рацин“ доби опрема од 45.000 евра
Светиниколското средно општинско училиште „Кочо Рацин“ доби земјоделска механизација за успешно реализирање на практичната настава за учениците.
Градоначалникот на Свети Николе, Сашо Велковски за МИА вели дека на трајно користење од Владата на Република Северна Македонија се доделени соларна сушара за овошје и зеленчук, фумигатор, двобразен плуг, трактор, ѓубрерастурач, атомизер, прскалка, брана четирикрилна, моторен култиватор со тркала, приклучна механизација, фреза, косачка и плуг.
–Сево ова е со цел за да го подобрат квалитетот на својата работа и да се афирмираат како стручно училиште. Вредноста на донацијата е околу 45.000 евра, рече Велковски.
Станува збор за средно регионално училиште во кое се едуцираат ученици и од други градови. Велковски очекува Министерството за образование и наука да го распише и тендерот за реконструкција на интернатот во кој се сместени средношколците од околните општини.
Општина Свети Николе инвестираше и во градинката „Рахилка Гонева“ која згрижува 500 деца во Свети Николе, а од сопствени средства набавена е опрема за кујна – машина за миење садови и шпорет во вредност од 349. 000 денари, кои значително ќе ги подобрат услугите за децата во оваа установа.
Ново на Сител
-
Најмалку девет лица загинаа во самоубиствен бомбашки напад во црква во Дамаск
-
Рубио: Светот е побезбеден по американските напади врз Иран
-
На Богородица и Табановце од македонска страна се чека околу еден час
-
Скопјанец ја повредил својата четиригодишна ќерка, предложен притвор
-
Израел го отвори воздушниот простор по американските напади врз Иран
-
11 наши државјани чекаат евакуација од Тел Авив, летовите ќе бидат обновени во зависност од безбедносната ситуација
-
Нетанјаху го поздрави Трамп за „храбрите напади“ врз иранските нуклеарни постројки
-
Две лица во Куманово го нападнале таксистот кој ги превезувал и не му платиле