По повод 11 Октомври положено цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел
Со положување цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел започнаа празничните свечености по повод одбележувањето на државниот празник „11 Октомври – Ден на народното востание“ во Скопје, Прилеп и Куманово.
Како што соопшти владината прес-служба, во знак на сеќавање и почит за учесниците во народното востание и народно-ослободителната војна делегација на Владата на Република Северна Македонија, предводена од заменик претседателот задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори Кочо Анѓушев, заедно со Нина Ангеловска, министерка за финансии и Дамјан Манчевски, министер за администрација и информатичко општество, положи цвеќе на Партизанските гробишта во Скопје.
Во Прилеп свеченостите за одбележување на празникот се одржаа пред споменикот на Методија Андонов-Ченто и пред споменикот на Кузман Јосифовски-Питу, како и на Могилата на непобедените.
Делегацијата на Владата во Прилеп ја предводи министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, заедно со Мила Царовска, министерка за труд и социјална политика и Елвин Хасан, министер без ресор задолжен за странски инвестиции.
Содржините за одбележување на 78-годишнината од денот на народното востание на македонскиот народ против фашизмот и за македонска државност во Куманово започнаа со положување цвеќе на Спомен – Костурницата.
Владината делегација во Куманово ја предводи Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заменик претседателот во Владата и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, Арбер Адеми, министер за образование и наука и Зорица Апостолска, министерка без ресор, задолжена за странски инвестиции.
Во рамките на свечената програма за одбележување на државниот празник „11 Октомври – Ден на народното востание“ во Куманово се обрати премиерот Заев.
Премиерот Заев и членови на Владата ќе присуствуваат и на свеченоста во Собранието на Република Северна Македонија по повод доделувањето на високата државна награда „11 Октомври“.
На сите свечености по повод одбележувањето на државниот празник „11 Октомври – Ден на народното востание“, ќе земат учество членови на Сојузот на борците, дипломатскиот кор во нашата земја, и претставници на општествените и граѓанските организации во земјата.
Ново на Сител
-
„Ова е пила за бирократијата“ - Маск доби подарок пила за ''кратење на администрацијата'' | ВИДЕО
-
Меџити: Ќе вработиме илјадници Албанци во државна администрација, за да не заминуваат во странство
-
САД прекинаа да испорачуваат оружје за украинската армија, изјави Костенко
-
Утрово насекаде минусни температури, најстудено во Берово -14 степени
-
Продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче
-
ДКСК избира заменик претседател, членовите ќе постапуваат и по конкретни предмети
-
Зеленски: Разговорите со американскиот пратеник ја вратија надежта за договор со САД
-
Нетанјаху најави „интензивни операции“ на Западениот брег по нападите во близина на Тел Авив