Сезонска хуманитарна акција за загрозени категории граѓани
Здружението на граѓани за помош и поддршка на бездомници социјално загрозени семејства и поединци „Љубезност“ и оваа година организира сезонски собирни пунктови.
Истите се наменети за собирање на донации во храна, средства за хигиена, средства за чистење, облека, обувки и постелнина, со цел да им се помогне на бездомниците и сиромашните, посебно во зимскиот период.
Од здружението ги повикуваат граѓаните да ги посетат пунктовите и да дадат личен придонес во подобрувањето на условите на живот на оваа маргинализирана категорија на луѓе, заеднички делувајќи во подигнување на свеста на луѓето и за развивање на граѓанскиот активизам.
Пунктовите ќе бидат на следниве локации:
„Веро“ – Кисела Вода
Недела, 6 октомври 11:00 – 18:00
Вторник, 8 октомври 12:00 – 19:00
„Веро“ – Аеродром
Недела, 13 октомври 11:00 – 18:00
Среда, 16 октомври 12:00 – 19:00
„Тинекс“ – Зебра
Четврток, 17 октомври 12:00 – 19:00
Недела, 20 октомври 11:00 – 18:00
„Тинекс“ Карпош 3
Недела, 27 октомври 11:00 – 18:00
Вторник, 29 октомври 12:00 – 19:00
Ново на Сител
-
Допис на епископот Стојанов по повод упокојувањето на папата Франциск
-
Папата Франциско ќе биде погребан најдоцна за девет дена, соопшти Ватикан
-
Писмо од скопскиот бискуп Киро Стојанов по повод упокојувањето на папата Франциск
-
По смртта на папата, Римокатоличката црква влегува во период на „празна столица“
-
Ѕвоната на катедралата Нотр Дам заѕвонија 88 пати
-
Пожар во стан во Скопје, сопственикот се здобил со изгореници
-
Тројца жители на Конопница од тераса турнале сограѓанин
-
Пожар во стан во Прилеп