Пожар на грчки ферибот што пловел од Игуменица за Венеција
На пристаништето во Игуменица, од каде и што тргна, се врати грчкиот ферибот „Olympic Champion“ и успешно беа евакуирани сите патници, откако додека пловел кон крајната дестинација- Венеција, од за сега непознати причини, се појавил пожар во гаражата.
Во фериботот, според грчките медиуми, имало 538 патници, 75 членови на екипажот и 293 возила, а пожарот веднаш бил ставен под контрола бидејќи се активирал автоматскиот систем на бродот за гаснење пожар.
Според истите информации, пред 8.30 часот утрово започнало празнењето на бродот, откако се вратил на пристаништето во Игуменица, а заедно со патниците, без проблеми, бил евакуиран и поголемиот дел од екипажот, додека, пак, две лица поради проблеми со дишењето биле пренесени во болница. Веднаш потоа започнало и гаснењето на пожарот.
Од противпожарната служба на Грција соопштуваат дека биле ангажирани 46 пожарникари со 10 возила и еден брод.
Ново на Сител
-
МВР набави нова машина за печатење лични документи која тројно ќе го зголеми капацитетот
-
Мицкоски: Очекувам добар резултат од преговорите со банките за унгарскиот кредит наменет за компаниите
-
Мицкоски: Потенцијална инвестиција од една милијарда евра во когенеративна гасна постројка
-
Продолжување на судењето на Урош Блажиќ за масовното убиство во Дубона и Малo Орашје
-
Кривична за помошник министер во Центарот за обука - Оштетен буџетот на МВР за 189.777 денари
-
Љутков: Работни групи работат на случајот со Универзалната сала
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
Британски суд осуди албански државјанин, кој извршил грабеж и во вилата на фудбалската ѕвезда, Рахим Стерлинг