-->
-->
Селин Дион доаѓа во Хрватска
-->
Една од најпознатите ѕвезди во поп-историјата, Селин Дион на 5 јуни наредната 2020 година ќе настапи во Арената Загреб, како дел од светската турнеја на која таа го промовира новиот студиски албум „Courage”. Турнејата почна на 18-ти месецов во Квебек, Канада, а ќе опфати вкупно 100 градови ширум светот.
Пејачката во европскиот дел од турнејата, на 23 мај 2020. ќе настапи во Лоџ, Полска, па потоа во Велика Британија, Германија, Белгија, Швајцарија, Холандија, Австрија, Франција, Италија, Финска, Шведска, Данска, а по Хрватска, ќе ги посети и Малта и Кипар, соопштија хрватските организатори.
Албумот „Courage” во некои делови од светот ќе биде достапен од 15 ноември 2019.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Швајцарска олимпијка загина во лавина
-
Украинецот Горига уште една сезона во Вардар 1961
-
Тајните на добро политичко интервју | Васко Ефтов | Неформално | Sitel Podcast 076
-
Изгласан Буџетот на Град Скопје за 2025 година
-
Градот Скопје демантира
-
Пакетчиња со поминат рок
-
Кочани: Со „југо“ влетал во кафеанска маса, а потоа со нож го ранил познаникот
-
Пукање во Чаир - Се расправале во работилница па едниот почнал да пука во другиот