Протест на жителите од кумановската улица „Киро Фетак“ бараат нова водоводна мрежа

– Рекоа дека од понеделник ќе ја сменат цевката на целата улица, но сменија само дел. Откако ќе завршат еден дел, на друго место избива дефект, бидејќи мрежата е стара скоро 50 години, рече Наџмедин Јашари од Киро Фетак.
Неговиот сосед Шани Алити вели дека и кога доаѓа водата таа е нечиста и стравуваат од ширење заразни болести.
Тие обвинуваат дека нема безбедност при вршење на работите и побараа не само обнова на водоводната мрежа, туку и на канализациската мрежа, а и доведување гасовод. Велат дека доставиле барања до надлежните, но дека проблемот се одолговлекува, иако, надлежните се запознаени.
Жителите ги прими секретарот на општина Куманово, Десанка Стошевска и директорот на „Водовод“, Горан Стојковски, но жителите побараа директна средба со куманоскиот градоначалник Максим Димитриевски, кој е службено отсутен, по што си заминаа од Општината.
Директорот на претпријатието Стојковски вели дека има подготвено проектна документација и оти улицата „Киро Фетак“, влегува во трите приоритетни улици за промена на мрежата. На седница на Совет која треба да се одржи на 15 ноември, треба да влезе во програмата на општината.
До овој момент сменети се 120 метри на улицата каде приближно има 70-тина приклучоци. Запазени се процедурите, се водело сметка останатите улици да не останат без вода, а комплетната замена ќе треба да се направи по поминувањето на процедурите, изгласувањето во Советот, што се очекува во средината на ноември.
-Направен е основен проект, елаборат, линиски проект и на 15 ноември се подготвува програмата за работа за општина и ќе влезе во програмата. Дефектите се решавани секојдневно, во ниту еден момент немало 48 часа да бидат без вода или подолг период. Се работи за улица изградена во 1968 година, азбестно-цементна која е дотраена и конечно влезе во проектна документација и работа за општина Куманово, на 15 ноември ќе бидат ставени во програма за работа, ќе се распише тендер и водоводната мрежа ќе биде заменета, изјави Стојчевски.
Тој ги замоли жителите редовно да ги подмируваат обврските кон „Водовод“ кои во моментов, изнесуваат над 2,8 милиони денари.
Целосната санација која вклучува и поставување асфалт, може да се заврши до крајот на годината, но поради неработењето на асфалтните бази може да се пролонигра.
Овој проблем го актуелизираше советникот Осама Муадини од Алијанса за Албанците, кој бараше овој проблем да се надмине.
Ново на Сител
-
Македонските кикбоксери се враќаат со 5 европски злата, 2 сребра и 10 бронзи
-
Наполи нема победа четири натпревари по ред, Интер нов лидер во Серија А
-
Доминација на Норвешка на машкиот биатлон на последниот ден од СП
-
Фридрих Мерц триумфира на германските избори, подготвен за формирање влада
-
„Да се обединиме за победа“ – масовен протест за Украина во Париз
-
АфД по историскиот резултат: Подготвени сме да коалицираме за формирање влада
-
Излезни анкети: Конзервативците победници на германските избори – Мерц на пат да стане канцелар
-
Вонреден инспекциски надзор на реонот Смилковско Езеро и во Општина Сарај