Усвоен буџетот на Град Скопје за 2016
Советот на Град Скопје на 56-та седница го усвои Предлог-буџетот на главниот град за 2016 година, кој изнесува 6,9 милијарди денари.
Има зголемување од 16 проценти во споредба со Буџетот на Град Скопје за 2015 година. Основниот буџет на Град Скопје за 2016 година изнесува 4.798.816.000 денари.
- Буџет е направен во транспарентна постапка за потребите на Град Скопје и неговите жители. Станува збор за развоен буџет со голем број капитални проекти и инвестиции кои значително ќе го подобрат животот на жителите на Скопје. Со него се опфатени проекти во сите области-урбанизам, сообраќај, образование, екологија, култура, спорт, енергетска ефикасност, промоција на туризмот во Скопје, изјави градоначалникот Трајановски пред советниците.
Тој истакна дека со овој буџет се предвидени капитални проекти во сите десет скопски општини. Во општина Сарај ќе се реконструира главната улица, ќе продолжи реконструкцијата и проширувањето на булеварот „Партизански одреди“ до кружниот тек кај црквата „Свети Петар и Павле“, ќе продолжи проектот за пробивање на тесните грла на улицата „Борис Сарафов“, ќе се гради кружен тек кај Хубо Маркет, на булеварот „8 Септември“...
Во 2016 година ќе се проширува дел од булеварот „Тодор Александров“, ќе се реконструира улицата „Кеј Димитар Влахов’, како дел од плоштадот „Пресвета Богородица“, ќе се реализира третата фаза од проектот за проширување и реконструкција на булеварот „Борис Трајковски“ на потегот од фабриката „Стакларница“ кон населбата Драчево...
Во подготовката на буџетот, како што информира Град Скопје, се вклучија сите политичка партии застапени во Советот, како и сите десет општини преку давање предлози за проекти кои тие сметаат дека е неопходно да се реализираат. Граѓаните се вклучија во процесот на креирање на буџетот на Град Скопје преку нивните најнепосредни претставници од урбаните и месните заедници.
Ново на Сител
-
Германски генерал: Украина оштети 10 отсто од руските стратешки бомбардери
-
„Куќи на ужасот“ – евакуирани 75 стари лица од нелегални домови во Бугарија
-
Македонија загуби од Финска на отворањето на Златната лига 2025
-
Путин потпиша закон со кој се казнува продажба на енергетски пијалоци на деца
-
Тешка несреќа на патот Скопје-Тетово загина 19-годишна девојка и 3 лица се повредени
-
На српските навивачи нема да им биде дозволено да присуствуваат на натпреварот со Албанија
-
Приведени три лица во Тетово и Гостивар затоа што управувале возила под дејство на алкохол
-
Најтежок руски напад врз градот од почетокот на војната