-->
-->
Земјоделците бараат гарантирана минимална откупна заштитна цена за модрата слива
-->
Во организација на Агенцијата за поттикнување на развој на земјоделството – Подрачна единица Делчево, а во присуство на претставници на АД „Водостопанство” на РСМ – Подружница Берово, денеска во село Тработивиште се одржа трибина со земјоделците од неколку околни села на која се дискутираше за актуелните состојби пред есенската сеидба и штотуку завршената работа околу бербата на модра слива.
На средбата, како што информираше, Неџбедин Мемедов, раководител на ПЕ Делчево, присутните земјоделци ги запознале со подготовките околу есенската обработка на почвата.
-При тоа беше промовирана мала брошура во која од стручен аспект се претставени начините на обработка на почвата, како плиткото летно и длабокото есенско орање и слично. Сметаме дека ова за земјоделците е мошне важно, бидејќи од обработката во голема мера зависи како понатаму почвата ќе влијае на посевите, вели Мемедов.
Во однос на бербата на модрата слива, дополни дека е донесен заклучок со кој се бара
итна интервенција од државата.
-Заклучокот е дека државата треба да се заложи за гарантирање минимална откупна заштитна цена. Сето тоа со цел да можат овоштарите да го планираат понатамошното производство на слива, како култура, која што понатаму би била одржлива и доходовна за овоштарите, дополни Мемедов.
Меѓу другото, земјоделците изразија задоволство од наводнувањето за 2019 година, но од претставниците на АД ,,Водостопанство” на РСМ – Подружница Берово побараа, за идната година да бидат исчистени навреме каналите за наводнување и да биде обезбедено доволно вода за наводнување, со цел навремено да ги подготват своите земјоделски површини.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Путин потпиша закон со кој се казнува продажба на енергетски пијалоци на деца
-
Тешка несреќа на патот Скопје-Тетово загина 19-годишна девојка и 3 лица се повредени
-
На српските навивачи нема да им биде дозволено да присуствуваат на натпреварот со Албанија
-
Приведени три лица во Тетово и Гостивар затоа што управувале возила под дејство на алкохол
-
Најтежок руски напад врз градот од почетокот на војната
-
Ана Брнабиќ: Со усвојување три медиумски закони, Србија ќе добие закони целосно усогласени со оние на ЕУ
-
Утре топло со температура до 38 степени
-
Скопјанец приведен во Кавадарци поради агресивно и недолично однесување