Нови рочишта за „Таргет Тврдина“ и „Транспортер“
Во Основниот кривичен суд во Скопје за денеска се закажани нови рочишта за предметите „Таргет Тврдина“ и „Транспортер на СЈО, кои што ги презема во надлежност и натамошно постапување Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.
Случајот за незаконското следење на комуникациите „Таргет Тврдина“ се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Женета Бегтовиќ, а застапник на обвинението е Ленче Ристевска.
Советот на јавни обвинители на 16 септември донесе одлука со која обвинителката Ристевска беше разрешена од СЈО и вратена во матичното ОЈО Скопје. Ристевска, минатата недела го застапуваше предметот „Талир 2“, при што до судот приложи решение од државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.
Минатото рочиште за „Таргет Тврдина“ беше одложено поради отсуство на сведокот Зоран Верушевски предложен од обвинителството.
Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.
Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.
Рочиште денеска е закажано и за предметот „Транспортер“, во кој поранешниот битолски градоначалник Владимир Талески и уште 20-тина лица се товарат за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра.
Предметот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Добрила Кацарска, а застапник на обвинението е Трајче Пеливанов.
Советот на јавни обвинители на 16 септември донесе одлука со која обвинителот Пеливанов беше разрешен од СЈО и вратен во матичното ОЈО Скопје.
Минатото рочиште за предметот беше одложено, со цел да се остави доволно време да се разреши ситуацијата со СЈО.
Ново на Сител
-
Вучиќ повика на разговори со универзитетските претставници „Што е можно поскоро“
-
Започна протестниот марш „Правда за Фросина“ кои го предводат нејзините родителите
-
22-годишна девојка од Скопје удрена од таксист
-
Шекеринска: Никогаш за никого не сум ургирала
-
Сестрата на Фросина: Бараме одговорност од таткото на возачот и судијката
-
Колумбискиот претседател го нарече Трамп „фашист“ и го спореди со Хитлер
-
Во тек е голема полициска акција за откривање и запленување на фалсификувани пари
-
Четиригодишното дете од Струга што почина имало тешка форма на церебрална парализа и загрозени витални параметри