Крива Паланка со поддршка на кампањата против насилство врз здравствените работници
Здравствените работници и административците од јавните и приватни здравствени установи во општина Крива Паланка со получасовен штрајк ја поддржаа кампањата „Стоп за насилството врз здравствените работници”.
-Лекари, медицински сестри, акушерки, специјалисти, административни работници, целиот здравствен персонал од здравствениот дом „Димитар Арсов”, како и колегите од приватните здравствени установи, сите заедно денеска упативме порака за ставање крај на насилството и какво било репресивно однесување врз здравствените работници, зашто ниту еден од нас, како и ниту еден човек воопшто, не е должен да трпи насилство. Напротив, ние сме носители на хумана дејност, во која здравјето и животот на другите ни е пред се, истакнаа членовите на Лекарската комора на република Северна Македонија од Крива Паланка.
Со получасовниот штрајк симболично од Крива Паланка беше искажана поддршка на колегите од Клинички центар, кои штрајкуваат против насилството што врз нив се случува со години, а зачестено во изминатата година од страна на пациентите и нивните роднини.
Ново на Сител
-
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Делчево - Македонска Каменица
-
Ангелов: Државата е подготвена за претстојни врнежи од снег
-
Кан: Нојер не треба да го пропушти вистинскиот момент за пензионирање
-
Ибрахимовиќ: Се чувствувам поврзан со Милан и сакам да направам големи работи со овој тим
-
Министерство за спорт: Поништени решенијата за дејност на ЖРК Скопје и ЖРК Гевгелија
-
Атаман и се закани на Евролигата: Внимавајте што правите, Панатинаикос може да оди во НБА лигата
-
Роналдо: Разочаран сум од оние кои одбиваат да играат за Португалија
-
„Вратете го детето ќе ви дадам пари“, напишал таткото на Вања во родителска вибер група па ја избришал пораката