Почнува Европската недела за мобилност „Пешачи со нас“
Град Скопје од денеска почнува со одбележување на Европската недела на мобилност што годинава се одржува под мотото „Пешачи со нас – Сигурно пешачење и возење велосипед“.
Во текот на оваа недела ќе бидат организирани низа настани со кои Градот ќе се обиде да ги поттикне граѓаните да ги променат навиките и почесто да користат активни начини на движење или да го комбинираат пешачењето и возењето велосипед со користење јавен превоз.
Ќе се организираат работилници и трибини посветени на активностите на Град Скопје кои придонесуваат за подобра мобилност во градот, за зголемување на безбедноста во сообраќајот, за придобивките од пешачењето и возењето велосипед, за електричните тротинети и за влијанието на транспортот врз климатските промени. Со одржлива туристичка тура до Матка ќе се промовира комбинираниот превоз до рекреативните центри, а во четврток попладне, улицата „Димитрија Чуповски“ ќе биде затворена за сообраќај бидејќи на коловозот ќе се организира Вело фиеста – дружење и забава за граѓаните. Традиционалното велосипедско дефиле по градските улици ќе се одржи во петок.
Партнер на Град Скопје во реализацијата на овој проект е здружението на граѓани „Македонски зелен центар“, а во организирањето учествуваат и Делегацијата на Европската Унија, Министерството за животна средина и просторно планирање, скопски општини, средни училишта и центри на култура на Град Скопје, GIZ, Црвниот крст, МВР, ЈСП, Републички совет за безбедност во сообраќајот, Македонската велосипедска федерација, Цементарница Титан, како и повеќе здруженија на граѓани, меѓу кои Прв до врв, Еко свест, Еко логик, Go green, Смарт Ап, Електромобилност и други.
Ново на Сител
-
Куче спречи натпреварувач во уметничко лизгање да се качи во урнатиот авион во САД
-
Занаетчиите го поддржуваат бојкотот, повикуваат граѓаните да пазарат кај малите занаетчии
-
Ѓорческа елиминирана од првата носителка на турнир во Франција
-
Италијански регулатор бара од кинескиот Дип Сик одговори за користење лични податоци
-
ЛШ: Милан загуби од Динамо и пропушти пласман во Топ 8, прв пораз на Ливерпул
-
Историско полуфинале за Португалија на ракометниот Мундијал 2025
-
На Попова Шапка 0 степени, 10 измерени во Штип, Демир Капија и Гевгелија
-
Во Хрватска нов бојкот на продавниците