„Велешки пливачки маратон 2019“ в недела
„Велешки пливачки маратон 2019“ по шести пат ќе се одржи в недела на езерото „Младост“, а годинава за првпат станува меѓународен на кој освен од земјава ќе учествуваат и пливачи од Бугарија, Србија, Косово и Турција. Од Националната пливачката федерација на Македонија кои се коорганизатори на маратонот заедно со Општина Велес, најавуваат догодина овој маратонот да влезе во Фино Светската серија за маратони и да биде бодуван во светски рамки, со учество на звучни пливачи маратонци.
Велешкиот пливачки маратонот годинава ќе биде посветен на неодамна починатиот д-р Милчо Трајков кој беше претседател на Црвениот крст и подржувач на маратонот и на спортот.
Натпреварите ќе се одвиваат во три категории на 2,5 километри рекреативни и на пет и десет километри во машка и женска конкуренција. Рекреативниот маратон ќе стартува во 10 часот, а во 12 часот е Македонскиот куп во далечинско пливање. Велешкиот плливачки маратон воедно е и последна трета трка од овој куп после двете одржани на 2 и 10 август во Охрид и затоа ќе бидат прогласени најдобрите во овој куп.
Пријавувањето на кандидатите се врши на фејсбук страницата на Велешки пливачки маратон и досега се пријавиле 40 за рекреативниот и 30 за професионалниот маратон.
Илија Попов од Здружението за спорт и рекреација „КЛУБ 21“, информира дека годинава маратонот ќе има 30 спасители на вода од Велес, Скопје, како и спасители на вода од Бугарија, а поддршка на маратонот ќе даваат и 20 кајакари од КК „Бабуна“ од Велес“.
Горан Стојановски од Пливачкатата федарација информира дека организацијата на маратонот годинава е на највисоко ниво. Тој најави дека на него ќе учествуваат најдобрите пливачи од пливачките клубови во земјава, а организаторите обезбедија и парични награди.
– За догодина ќе предложам Велешкиот пливачки маратон да влезе во Фино Светската серија за маратони, а тоа ќе значи на него да учествуваат и звучни имиња од маратонското пливање во светски рамки, најави Стојановски.
Воедно информира дека ќе се заложи маратонот да учествува и во националните првенства за маратонско пливање во земјава.
Стојановски посочи дека ќе помогне градот Велес да добие пливачки клуб и истиот да се развива и од него да произлезат идни пливачки маратонци.
Томи Стефановски, светскиот првак во маратонско пливање за 2016-та и кој во 2009 година го преплива Ла Манш, на денешната прес-конференција во Велес потенцира дека е присутен уште од првиот Велешки маратон во 2014-та и оти ќе го поддржува истиот да прерасне во традиционален.
Ново на Сител
-
Обид за кражба во простории на Општина Чаир каде се чувал изборен материјал
-
ДИК: Двојните избори утре ќе ги следат 1303 домашни и 860 странски набљудувачи, како и 83 странски новинари
-
Во општина Маврово-Ростуше гласаат 68 болни и изнемоштени лица
-
Малолетник прегазен во Велес, пренесен во скопските Клиники
-
Македонските државјани во Србија гласаат на вториот круг од претседателските избори во Македонската амбасада во Белгрaд
-
Лебот нема да поскапи следните два месеца, компаниите се жалат на проблеми со ликвидноста и со одлив на кадри
-
Поевтинуваат горивата, ова се новите цени
-
Граѓаните утре можат да пријавуваат повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321