Започнува откупот на свињи како дел од мерката за заштита од африканска свинска чума
Денес е првиот откуп на грла свињи опфатени со мерката за депопулација, чија цел е превентива од африканската свинска чума. На одгледувачите кои ќе одлучат да ги предадат своите грла кланиците ќе им ја исплатат пазарната цена уште истиот ден, информираат од Групацијата за преработка на месо и прозводи од месо во рамки на Стопанската комора на Македонија.
Од Агенцијата за храна и ветеринарство објаснуваат дека мерката за депопулација има за цел да го намали бројот на дивите и на домашни свињи. Регистрирани се речиси сите мали одгледувалишта каде се одгледуваат свињи за сопствени потреби. Мерката за депопулација особено ги третира малите одгледувалишта каде нема целосно спроведени биосигурносни мерки, со што претставуваат најголема опасност за да се заразат од африканска свинска чума. Болест што потоа лесно се шири, не е опасна за човековото здравје, но предизвикува економски штети.
Од АХВ велат дека државата обезбедува дополнителни 3000 денари по заклано грло, како оштета покрај пазарната цена по која ќе се предаваат свињите и прасињата во кланиците.
Од Министерството за земјоделство информираат дека до Владата доставиле информација дека ќе забранат зимско прехранување на дивата свиња со цел да се намали популацијата и да се сведат на минимум ризиците од пренос на африканската свинска чума.
До сега официјално се застрелани 170 диви свињи, но од Министерството за земјоделство стравуваат дека бројката е најмалку двојно поголема. Оттаму ги повикуваат ловците да ги пријавуваат застреланите диви свињи за да се земат примероци и да се испита дали има заразена дива свиња. Велат дека до сега не е регистриран примерок позитивен на оваа болест.
Од Групацијата за свињарство при Стопанска комора на Македонија велат дека договорените цени за оштета што ќе им бидат исплатени на одгледувачите на свињи се задоволителни. Апелираат до Царинската управа да се построги во контролата на личниот багаж на патниците при влез во земјата со цел да не се дозволи производи од свинско месо да се внесат во земјава и со тоа да се изложиме на ризик да се пренесе болеста во нашата земја.
Мирјана Јовеска
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка