Општина Гевгелија продава градежни парцели
Осум градежни парцели за индивидуално домување во населбата „Караорман“ една во населбата на „Моински пат“ и една парцела за изградба на станбена зграда во близина на новиот пазар, се понудени на продажба од општина Гевгелија по пат на електронско јавно лицитирање.
Површината на градежните парцели во населбата Караорман се движи од 285 до 674 метри квадратни додека парцелата кај Моински пат е со површина од 452 метри квадратни. За сите нив почетната продажна цена изнесува 61 денар за квадрат. Со иста почетна цена во населбата кај „Моински пат“ ќе се продава и парцела за изградба на објект од лесната индустрија, чија површина изнесува 5.603 метри квадратни.
Парцелата за изградба на станбена зграда во близина на новиот градски пазар во Гевгелија ќе се продава со почетна цена од 2.570 денари за квадратен метар.
Пријавувањето за парцелите наменети за индивидуално домување ќе трае до 11 септември, а наддавањето ќе се одржи на 13 септември. За објектот од лесната индустрија и за станбената зграда пријави ќе се примаат до 23 септември, а наддавањето ќе се одржи на 25 септември.
Ново на Сител
-
СДСМ: Загрижува омразата на Мицкоски
-
Зеленски: САД пренасочија 20.000 ракети ветени за Украина кон Блискиот Исток
-
Фицо: Словачка ќе го блокира секој обид за воведување санкции од ЕУ кон Русија
-
Им подавам рака на младите, Македонија има потреба од нивниот ум за да стане подобра држава, порача Мицкоски
-
Литванскиот претседател со критики за германскиот канцелар за неактивност кон Русија
-
Американски медиуми: Припадници на гардата почнаа да пристигнуваат во Лос Анџелес
-
Министерот Муцунски утре во работна посета на Казхстан
-
Првата македонска фудбалска лига се намалува на 10 екипи