Викендот 23 сообраќајки во Скопје, повредени се 18 лица
Во текот на изминатите три дена на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 23 сообраќајни незгоди. Во сообраќајните незгоди повредени се вкупно 18 лица.
На 20 ноември, петок, сообраќајната полиција изврши увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди. Од нив, шест се со последица материјална штета и три се со последица телесна повреда, во кои со полесни повреди се здобиле четири лица, од кои еден возач на патничко моторно возило, еден сопатник, еден пешак и еден велосипедист.
Се случиле и две незгоди со последица телесна повреда, во кои со тешки телесни повреди се здобиле еден пешак и еден мотоциклист, а со телесни повреди еден пешак.
На 21 ноември, сабота, сообраќајната полиција изврши увид на вкупно три сообраќајни незгоди. Од нив, една е со последица материјална штета и една е со последица телесни повреди, во кои со полесни повреди се здобил еден возач на патничко моторно возило.
Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден сопатник.
Во текот на вчерашниот ден, 22 ноември, извршен е увид на вкупно девет сообраќајни незгоди. Од нив, четири се со последица материјална штета и три се со последица телесна повреда, во кои со полесни повреди се здобиле двајца пешаци и еден патник во автобус.
Се случиле и две незгоди со последица тешка телесна повреда во кои со тешки телесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило, еден сопатник и еден пешак, а со телесни повреди еден возач на патничко моторно возило и двајца сопатници.
Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје денеска ќе одржи едукативни работилници во Основното училиште „Рајко Жинзифов“ кое се наоѓа во населба Драчево на подрачјето на општина Кисела Вода со учениците од второ одделение.
Денеска во почеток во 18 часот во СЦ „Јане Сандански“ во рамки на АБА лигата ќе се одигра меѓународен кошаркарски натпревар помеѓу МЗТ Аеродром и КК Задар, Хрватска. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување.
Ново на Сител
-
Тошковски: Расветлени се мотивите за дел од случаите со пожарите кои настанаа изминатиот период
-
Уапсено лице кое предизвикува пожар во скопско Огњанци
-
Објавена снимка од надзорна камера, Арсовска прва нападнала, а полицијата веднаш реагирала | ВИДЕО
-
Освоивме прва награда на ICAMES во конкуренција на 15 држави | Елена и Марко од ФЕИТ | Sitel Podcast 103
-
Алкараз ќе ја брани титулата на Вимблдон, откако избори трето финале
-
Новата ракометна сезона ќе ја отворат Еурофарм Пелистер и Вардар во Супер купот
-
Утре потопло со пораст на дневните температури
-
Општина Чаир го осудува нападот врз Арсовска, нагласува дека никој од институцијата не е поврзан со настанот