Во Индија во сезоната на монсуни загинаа најмалку 209 луѓе
Во Индија денеска е издадено ново предупредување од поплави за делови од јужната држава Керала, додека бројот на загинати ширум земјата во сезоната на монсуни се искачи на 209 лица.
Властите ги предупредија жителите на Керала од обилни дождови во текот на следните 24 до 48 часа во најпогодените региони од државата, популарна помеѓу туристите.
Поради обилните дождови во четири индиски држави – Керала, Карнатака, Махараштра и Гујарат повеќе од 1,2 милиони луѓе ги напуштија домовите и се сместени во кампови.
Керала минатата година беше погодена од поплави, какви што немало речиси еден век, при што загинаа околу 450 луѓе, а огромната материјална штета се уште не е целосно санирана.
За време на овогодишната сезона на монсуни во Керала загинаа 95 луѓе, а најмалку 59 се водат како исчезнати. Додека во соседната држава Карнатака загинаа 48 лица, а околу 677.000 се раселени. Додека во западните држави Гујарат и Махараштра во поплавите загинаа 66 луѓе, а стотици илјади се спасени од поплавените региони.
Во поплавените региони припадници на индиската армија во соработка со Агенцијата за вонредни ситуации учествува во потрагата, спасување и помош на настраданите лица.
Монсуните се од клучно значење за обнова на водените ресурси во Индија, но во нив секоја година гинат стотици луѓе ширум земјата.
Ново на Сител
-
Демонстрантите во Истанбул четврта ноќ по ред протестираат против апсењето на градоначалникот Имамоглу
-
Стабилна е состојбата на сите 15 повредени од Кочани кои се хоспитализирани во Бугарија
-
Една недела од трагедијата во Кочани, критични пет пациенти, продолжува истрагата
-
Со сослушување на обвинетите продолжува судењето за Вања и Панче
-
Калас во Израел: Страдањето мора да заврши во Појасот Газа
-
Парижани на референдум одлучија да добијат 500 нови пешачки улици
-
САД посредуваат во разговорите меѓу Русија и Украина за прекин на огнот
-
Четири лица повредени во сообраќајка во Кавадарци