Венецуела: САД достигнаа максимално ниво на лудило
Заканите на американскиот претседател Доналд Трамп да ги блокира сите средства на Венецуела немаат правна основа и се спротивни на меѓународното право, изјави денеска потпретседателката на Венецуела Делси Родригез.
– Овој агресивен потег против нашата земја нема меѓународна правна основа врз која може да се потпре, рече Родригез, додавајќи дека изјавата на Трамп укажува дека американската администрација достигнала „максимално ниво на лудило“.
Според неа, изјавата на Трамп дека размислува за „карантин или блокада на Венецуела“ е една од најголемите закани против државата и е против повелбата на ООН.
Пред неколку дена, Трамп потврди за медиумите дека размислува да ја блокира или изолира Венецуела. Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп денеска донесе уредба за замрзнување на сите средства на владата на Венецуела во САД.
Ново на Сител
-
Галичник недостапен за новогодишните празници, снегот од патот неисчистен
-
Пандев спортски директор на националните селекции, Најдоски и Ибраими советници на Омерагиќ
-
Десетици илјади на протести во Белград и во Ниш
-
Без струја утре делови од Аеродром, Сарај и Кисела Вода
-
Традицијата продолжува, блесна новогодишната елка под вода
-
Заплена и апсење за пиротехника
-
Германските имиграциски власти предупредувале за осомничениот од Магдебург
-
По 24 пат накитена новогодишната елка во водите на Охридското Езеро