Од сообраќај во Скопје исклучени 16 возачи
Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 101 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.
Од сообраќај исклучени се 16 возачи од кои: три возачи управувале возило под дејство на алкохол, 12 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден возач почетник затоа што не ги почитувал законските ограничувања. Исто така, исклучени од сообраќај се и 16 возила кои не биле регистрирани. Санкционирани се четири возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, четири возачи поради неправилно престројување, еден возач поради недавање првенство на минување на крстосница, девет возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, двајца возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 10 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатиот ден издадени се 84 мандатни платни налози и 75 возила се подигнати со специјално возило „пајак". Изминатиот ден се случиле осум сообраќајни незгоди во кои едно лице се здобило со тешки телесни повреди и три лица се здобиле со телесни повреди.
Ново на Сител
-
ЦУК: До 7.30 часот седум активни пожари, четири под контрола и 27 изгаснати
-
Почнува судењето на поранешниот директор на Онкологија, Васев, и тројца онколози за несовесно лекување пациенти
-
Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот
-
Трамп: В понеделник ќе дадам „голема изјава“ за Русија
-
Шеесет и шест жртви во израелските напади врз Појасот Газа
-
Рубио: Русија изгубила 100.000 војници во Украина од почетокот на 2025 година
-
Сончево со умерена облачност, максималната температура до 33 степени
-
На ГП Табановце за влез во државава се чека околу половина час