-->
-->
Започнува изборот на наследник на Тереза Меј
-->

Изјаснувањето на пратениците е тајно и по денешното гласање од трката ќе испаднат кандидатите што ќе освојат помалку од 16 гласови. Доколку сите кандидати го надминат цензусот од 16 гласа, од понатамошната трка испаѓа оној претендент за партиски лидер што ќе освои најмалку гласови.
Според букмејкерите, главен фаворит за нов лидер на конзервативците е поранешниот шеф на британската дипломатија Борис Џонсон, кој на референдумот за Брегзит во 2016 година ја предводеше кампањата на поддржувачите на истапувањето на Велика Британија од ЕУ.
По Џонсон, најмногу шанси за победа им се даваат на актуелниот министер за надворешни работи Џереми Хант и на поранешната претседавачка на Долниот дом на Парламентот, Андреа Лидсам.
Во трка за нов лидер на конзервативците се и актуелните министри за животна средина Мајкл Гоув, за здравство Мет Ханкон, за внатрешни работи Саџид Џавад и за меѓународен развој Рори Стјуарт, како и поранешните министри за Брегзит, Доминик Раб, за пензии Естер Меквеј и за миграција Марк Харпер.
Гласањето за избор на нов прв човек на Конзервативната партија ќе се спроведува во онолку круга се додека во трката не останат само двајца кандидати. Се очекува овој процес на гласање да заврши до 20 јуни, по што на 22 јуни околу 160.000 делегати избрани од локалните организации на Конзервативната партија ќе гласаат за избор на партискиот лидер меѓу двајцата преостанати кандидати.
По изборот на нејзиниот наследник на лидерската позиција, се очекува Тереза Меј да ја достави својата оставка на премиерската функција до кралицата Елизабета, која потоа ќе го назначи новоизбраниот конзервативен лидер за нов британски премиер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трамп пристигна во Шкотска, најави средби со Стармер и Фон дер Лајен
-
Во Скопје денеска и утре авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци
-
Беровскиот кризен штаб го повика населението доброволно да се вклучи во гаснење на пожарот на планината Готен
-
Камбоџа, пред СБ на ОН, побара итно примирје во конфликтот со Тајланд
-
Ристовски: Министерството за спорт не е организатор на ЕМОФ 2025, но правиме сѐ што е во наша моќ за да помогнеме
-
Скопје одбележува 62 години од катастрофалниот земјотрес
-
Сончево и топло со температура до 43 степени Целзиусови
-
Хеликоптерите на МВР фрлија повеќе од 30 тони вода на пожарот на планината Плачковица | ВИДЕО