Домашни туристи на скопскиот аеродром чекаат од ноќеска да заминат за Хургада
Стотина туристи од земјава кои уплатиле аранжман за Египет од ноќеска се уште не можат да полетаат од скопскиот аеродром.
Еден од патниците во изјава за 24 вести вели дека никој не ги информира што се случува.
-Требаше да полетаме во 2:30 часот, па најавата беше во 5:00 часот, па во 7:00 и последната е во 10 и 40, но засега нема ништо, вели патникот.
Аранжамот го уплатиле преку неколку туристички агенции.
Случајот не е пријавен во Државниот пазарен инспекторат. Директорот на инспекторатот Стојко Пауновски во изјава за МИА вели дека доколку не се реализира аранжманот патниците треба да поднесат претставка до инсепкторатот и тие ќе постапат веднаш.
– Во вакви ситуации постапуваме веднаш, односно наредниот ден откако ќе добиеме претставка. Оштетените треба да ги доенсат договорот и фискалната сметка за платениот аранжман, а агенцијата за нереализираниот аранжман треба да ги врати уплатените средства на патникот, појаснува Пауновски.
Тој додаде дека во 95 отсто од случаите парите се вратени на оштетените патници, како и во случај кога патниците не се задоволни и не го добиле она што било пропишано со договорот.
Оштетените патници средствата ги добиваат во рок од три дена, вели Пауновски.
Ново на Сител
-
Во Штип мирен марш за загинатите во трагедијата во Кочани
-
За 24 осомничени лица за трагедијата во Кочани определен 30 дневен притвор
-
Омерагиќ: Приходот од влезниците за мечот со Велс ќе биде дониран за настраданите во Кочани
-
Тринаесет лица повредени во Париз во потера по автомобил кој одбил да застане
-
Ромската фондација за Европа одлучи да донира 10.000 евра за поддршка на семејствата на жртвите во пожарот во Кочани
-
Модриќ сака да остане во Реал Мадрид уште една година и да се пензионира во дресот на „белите“
-
Папата Франциск утре ќе биде пуштен од болница
-
Почина Светлана, внуката на Јосип Броз Тито