Убиен познат спортист, осомничениот се самоубил
Полицијата во Сараево ги уапси А.И(23) и А.Ш(19) поради сомневање дека го убиле Амар Капиджиќ, познат одбојкар од Сараево.
Сараевската полиција уапси две момчиња, поради сомневање дека во населбата Соколовиќ Колонија на Илиџа, убиле познат одбојкар од Сараево, а додека третото лице по која трагаше полицијата извршило самоубиство.
Од министерството за внатрешни работи од Сараево изјавија дека уапсени се две момчиња на возраст од 23 и 19 години, а додека пак А.К извршил самоубиство на подрачјето Конјича.
Во жестоката расправа која се случила доцна синоќа на улицата „Франција“, пред својата сопствена куќа, убиен е Амар Капиджиќ. Амар беше член на Одбојкарскиот клуб Илиџа. Полицијата од Сараево во текот на целата ноќ соработувала заедно со колегите од другите полициски агенции на идентификација и на пронаоѓање на осомничените за убиството.
Сараево е главен град на Босна и Херцеговина и нејзин најголем урбан, културен, економски и транспортен центар.
Градот Сараево се состои од четири општини: Центар, Нови Град, Ново Сараево и Стари Град. Според прелиминарните податоци од пописот во 2013 година во Босна и Херцеговина, во Сараево живеат 275.524 жители.
Ново на Сител
-
Во Лазарополе утрово најстудено, најмногу дожд во Дебар
-
114 сообраќајни санкции во Скопје
-
Од утре изменет режим на сообраќај на автопат А1, делница Петровец - Катланово
-
Управниот суд ја одби како неоснована тужбата на Европскиот фронт за решението на ДИК за прегласувањето во Желино
-
Македонија ги дозна противниците за Мундијалот, ќе играме во Вараждин
-
Европол: Уапсени четири луѓе во голема меѓународна операција против малициозен софтвер
-
Косовската полиција заплени пари од трезорот на НБС во северниот дел на Косовска Митровица
-
Поротата во судењето на Трамп го заврши првиот ден од расправата без да донесе пресуда