-->
-->
Сообраќајна несреќа во Куманово - маж итно однесен во болница
-->
Вчера во 10:55 часот било пријавено дека во Куманово на булеварот „Октомвриска револуција“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 39-годишниот Ј.Д. од Куманово, и мопед „Кимко“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од 57-годишниот Ј.Т. од Куманово. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот бил извршен од увидна екипа од СВР Куманово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
OJO бара притвор за напаѓачот на Арсовска
-
Одобрено 24-часовно обезбедување на градоначалничката Арсовcка
-
Притвор за скопјанец, пронајден е кокаин
-
Предистрага поради сомненија за загадување на животната средина по пожарот во Визбегово
-
Лишени од слобода возачи во Македонски Брод и Македонска Каменица, управувале возила под дејство на алкохол
-
Мицкоски очекува успешна сезона за лозарите
-
Индиректните преговори за прекин на огнот во Газа попречени од израелскиот план за повлекување
-
Синот на нарко-босот Ел Чапо се изјасни за виновен пред американски суд во замена за полесна казна