Коалициските партнери ја договараат владината реконструкција
Разговорите на коалиционите партнери СДСМ и ДУИ околу најавената реконструкција на Владата се во тек и според најавите на премиерот Зоран Заев првите промени се очекува да се случат најдоцна до средината на јуни.
Тој засега не открива имиња, но како што изјави, знае кои лица би ги поставил на местата кои ќе бидат испразнети по најавената „метла“ во Владата и други државни институции.
– Веќе разговарам со луѓе особено нови луѓе кои треба да дојдат на позиции кои ќе бидат променети и испразнети. Разговорите течат. Секое слободно време го користам за да разговарам со тие луѓе за да можам да потврдам дека се нафаќаат и прифаќаат да ја работат таа работа, така што верувам дека ќе стигнам не подоцна од крајот на првата половина на јуни, изјави вчера Заев, одговарајќи на новинарски прашања.
Според Заев, партнерските односи со ДУИ се стабилни, а довербата меѓу него и лидерот на ДУИ е голема. Свесни сме, вели тој, дека имаме одредени слаби кадри во нашите редови и затоа и зборуваме за промените и тие се случуваат.
Во јуни се очекува да се одржи и седницата на Собранието на која би се избирале новите министри во Владата. Според претседателот на Собранието, Талат Џафери, од 7 јуни натаму би можело да се одржи првата наредна пленарна седница на која би се гласало за одземање на мандатот на поранешниот премиер и пратеник Никола Груевски, а доколку стаса предлог од премиерот, и да се изберат нови министри.
– Од 7 јуни натаму во кој било термин може да се свика седница без оглед дали тоа ќе се однесува на најавените предлози од Владата или друга редовна седница која би се свикала за пристигнати материјали. На првата наредна седница би требало да се расправа околу извештајот на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања за недоаѓањето на Груевски шест месеци, рече вчера Џафери на средбата со новинарите.
Според него, не е спорно на иста седница да бидат и двете точки на дневниот ред.
Ново на Сител
-
Мицкоски очекува утре институциите да објават податоци кои се потврда на политиките на краток рок
-
Американски медиуми: Демократиоте во шок по поразот на Харис од Трамп
-
Четворица мигранти загинаа во близина на грчкиот остров Родос
-
Новиот лидер на Хезболах, Касем: Не е можно Израел да победи во војната
-
Републиканците го зголемија своето ново стекнато мнозинство во Сенатот на 52 места
-
Барањето на приватните превозници причина за ново препукување меѓу Град Скопје и претседателот на Советот
-
Зеленски потпиша закони за продолжување на вонредната состојба и мобилизација во Украина
-
Поведена истрага против жител на струшко Велешта за детска порнографија