Заев: Владата е фокусирана да обезбеди решенија за пласманот на земјоделските производи
Светска банка обезбеди 30 милиони евра да помогне во изведба на откупно – дистрибутивните и преработувачки центри низ државата со кои ќе ги максимaлизираме приносите и профитабилноста на земјоделците, изјави премиерот Зоран Заев, одговарајќи на пратенички прашања во Собранието.
Заев, во вториот дел од собраниската седница посветена на пратенички прашања, посочи дека Владата е фокусирана да обезбеди решенија за пласманот на земјоделските производи, што е едно од важните прашања за приходите на земјоделците.
– Втората работа што ја правиме во тој дел се посебните услови преку инвестиционите програми за земјиште. Веќе една фаза помина. Сега и Валандовско-богдански-дојранскиот регион е еден од регионите што ќе бидат во наредните фази за давање под концесија земјиште за изградба на преработувачки капацитет или откупен пункт. Следуваат втора и трета фаза, до три и над три хектари површини кои се распределуваат, објасни Заев.
Посочи дека третата можност за финансирање изградба на преработувачки или дистрибутивни центри е преку ИПАРД програмата.
– Верувам дека со реален фокус и изградба на откупни пунктови и преработувачки капацитети и дистрибутивни центри дополнително ќе помогнеме земјоделието повторно да биде достоинствена гранка. Верувам многу во оваа политика и сум ја ветувал. Доаѓам од земјоделски регион и сегашниот министер, а верувам и еден од критериумите за поставување на идниот министер ќе биде неговата лична верба во оваа работа, затоа што верувам дека како политика и политичари ќе бидеме успешни ако навистина решиме колку што може повеќе проблеми во земјоделието поврзани со пласманот, изјави Заев.
Ново на Сител
-
При претрес на началник во полициската станица пронајден солзавец и муниција
-
Две лица на возраст од 52 и 77 години пронајдени починати во своите станови во Скопје
-
Голем пожар во Хрватска меѓу Омиш и Макарска
-
ОЈО почна истрага за членот на „Десна“ кој се ослободил од пиштолот со кој Палчо пукал
-
Кумановец возел со 2,37 промили алкохол во крвта па удрил во паркирано возило
-
Уапсени двајца возачи, едниот возел со 1,90 промили алкохол, другиот со 1,60 промили алкохол во крвта
-
Јаневска: Воведување на вештачката интелигенција е следен чекор во процесот на дигитална трансформација на образовниот систем
-
Приведена бегалка од затвор, вратена е во КПУ Идризово