МВР со најнови детали: Малолетничката која си го остави бебето ќе одговара
Секторот за внатрешни работи Скопје ќе поднесе кривична пријава против 17-годишната А.А од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напуштање немоќно дете “, казниво по член 200 од Кривичниот законик.
Таа, на 14.05. околу 11.00 часот на булевар ,,Македонско Косовска Бригада“, своето новородено машко бебе го однела и го оставила на земја во близина на нејзината куќа. Новороденчето било пронајдено од случаен минувач кој повикал Итна медицинска помош, по што бебето било префрлено на Клиниката за детски болести – Скопје, каде било прегледано и било констатирано дека се наоѓа во добра здравствена состојба.
По Наредба од Основно јавно обвинителство – Скопје, била извршена споредбена ДНК анализа на А.А со новороденчето и било утврдено дека таа е мајка на новороденчето.
После тоа, бил известен и стручниот интервентен тим од Јавна установа – Меѓуопштински Центар за социјални работи – Скопје за нивно понатамошно постапување.
Ново на Сител
-
Бела куќа: Фактот што Трамп го покани Нетанјаху пред другите значи дека ќе продолжи цврсто да стои со Израел
-
Таткото на Фросина најави помасовни протести и бара доживотен затвор за Васил
-
Началникот на ГШ на германската армија предупредува на сериозноста на заканата од Русија
-
Членовите на американскиот Конгрес од Демократската партија ветуваат дека ќе го одбранат УСАИД
-
МОН: Македонскиот одбор за акредитација на високото образование би можел да се реорганизира по модел на унгарскиот
-
Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Каласлари – Градско
-
Кривична против градежна инспекторка од општина Куманово
-
Маж од Свети Николе нападнал малолетник