Европската Унија повикува на излезност во вториот круг од претседателските избори
Првиот круг од претседателските избори помина на мирен и транспарентен начин, но потребни се дополнителни реформи во изборното законодавство велат, како што јави дописничката на МИА од Брисел, европските челници.
Портпаролката на ЕУ институциите, Маја Коцијанчич, за МИА порача дека, според извештајот на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР, „фундаменталните слободи на здружување и изразување беа почитувани“ во првиот круг претседателските избори вчера и дека генералната оценка за нив е позитивна.
-Останува потребно да се финализираат претходно започнатите реформи на изборното законодавство, потсетува Коцијанчич.
Европската Унија ги повикува граѓаните на Северна Македонија да го искористат своето гласачко право во вториот круг на 5-ти мај и масовно да излезат да гласаат.
-Ги охрабруваме граѓаните да го искористат нивното демократско право и да учествуваат во голем број во вториот круг за да се важи нивниот глас, сметаат европските челници.
Дополнително, Брисел им порачува на сите страни „да ги обезбедат потребните услови за кредибилен и транспарентен изборен процес и општа политичка стабилност“, стои во реакцијата на ЕУ за првиот круг од претседателските избори.
Ново на Сител
-
Кина ќе обезбеди 500 милиони долари за СЗО во следните пет години
-
Приведени тројца битолчани, при претрес во дом пронајдена е дрога
-
Косово забрани увоз на пилешко месо од Бразил поради птичји грип
-
66-годишен маж пронајден починат во својот дом во Центар
-
Ограбена црква во подрачјето на Центар во Скопје
-
Велика Британија воведе уште сто санкции против Русија
-
Во Шпанија во прекин телефонската комуникација поради дефект
-
Минималните трошоци во мај зголемени за 1.217 денари, од ССМ бараат раст на платите