НБА: Успешен реванш на Г.Стејт
Голден Стејт вориорси брутално им одговорија на ЛА Клиперси за поразот во вториот меч, кога испуштија предност од 31 поен. Во Лос Анџелес актуелните шампиони победија 132:105.
Вориорси од почетокот го наметнаа својот ритам, бргу стекнаа двоцифрена предност, а мечот го решија во третиот период (36:24) кога стекнаа предност од 33 поени.
Актуелните шампиони погодија 15 тројки од 38 обиди, а до триумфот ги водеше Кевин Дурент со 38 поени, 4 скока, 7 асистенции и една блокада. Стеф Кари за 20 минути постигна 21 поен, а двоцифрени беа уште и Андре Игудала (15 поени), Клеј Томпсон (12) и Кевин Луни (10).
Хрватскиот репрезентативец Ивица Зубац беше најдобар кај Клиперс со 18 поени и 15 скока.
Четвртиот меч од оваа серија се игра в недела, од 21:30 часот, по средноевропско време, а домаќини повторно ќе бидат ЛА Клиперс.
Ново на Сител
-
Утре литургија во соборниот храм ,,Св. Климент Охридски” по повод 25 годишнината од востоличувањето на г.г. Стефан
-
Најмногу дожд наврнат во Пожаране и Лазарополе
-
ЦУК: 2 028 повици изминатото деноноќие, три пожари на отворено
-
Приоритет на Владата е поддршка на македонското земјоделство: Историски највисока цена за грозјето, исплатени заостанати плати и субвенции
-
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Струмица - Валандово
-
Во БиХ продолжува потрагата по исчезнатите во поплавите и свлечиштата во Јабланица, досега најмалку 20 загинати
-
ЈСП: Бесплатен јавен превоз за „Бела ноќ“, изменет сообраќаен режим за Скопски маратон
-
ИДФ се обидува да влезе во јужниот либански град Одаисеј, експлозии и во Бејрут