Командата за обука и доктрини КОД го одбележа Денот на единицата
Со културно уметничка програма на која настапија ученици од училиштата „Васил Главинов“, „Блаже Конески“ и „Стефан Гајдов“, денеска во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес беше одбележан денот на Командата за обука и доктрини КОД.
Командантот на КОД, полковник Љубенчо Петровски истакна дека Единициата е препознатлива во Армијата, меѓу другото и поради командувањето на искусни команданти кои со своето знаење, умешност и визија успејале да го подигнат нивото на обука и работа.
Полковник Петровски информираше дека во завршна фаза се подготовките за реализација на мултинационалната вежба „Одличен удар“ која од 5 јуни до 10 јули оваа година ќе се реализира на Армискиот полигон „Криволак“ со учество на околу 2.500 припадници на шест земји членики на НАТО, вклучувајќи ја и нашата земја.
Воедно, тие во октомври во нивниот Центар за симулации во касарната во Велес, ќе бидат домаќини на Регионалната симулациска вежба „REGIX 19“ со учество на припадници на 21 армија како и три земји членки на НАТО.
По повод Денот на Единицата на најдобрите старешини им беа доделени награди, а наколку институции добија благодарници за добрата соработка со КОД. Во рамките на програмата за одбележување на Денот биле одржани спортски натпревари и крводарителска акција.
Ново на Сител
-
ЦУК преку СМС порака известува за кризната состојба прогласена за пожарите
-
Рјабков: Русија и САД наскоро ќе се договорат за нова рунда преговори
-
ЦУК: Активни девет пожари, под контрола четири
-
ОН: Јуни годинава е месец со најмногу цивилни жртви од почетокот на војната во Украина
-
МНРиНТ со осуда на изјавите на Георгиев, во Министерството повикан на разговор бугарскиот амбасадор Радуков
-
Прогласена елементарна непогода во пет градови и 11 општини во Србија поради пожари
-
Нова дигитална услуга на МВР: Уверение за жителство за моментална адреса на живеење
-
Уапсени две лица од Куманово, палеле кабли на дива депонија