Улицата „11 Октомври“ во Куманово, од утре ќе биде делумно затворена
Улицата „11 Октовмри“ на влезот од Куманово, од понеделник делумно ќе биде затворена за сообраќај, поради поставување на атмосферска канализација, најавија, денеска надлежните од Општина Куманово.
Поради градежните активности, сообраќајот на оваа улица ќе се одвива наизменично.
За поставување на атмосферска канализација на улицата од општинскиот буџет одвоени се 708.000 денари со данок на додадена вредност.
На локацијата, која се наоѓа во близина на влезот од автопатот во градот, при интензивни врнежи од дожд и поради непостоење на атмосферска канлизација, често се слеваше вода по улицата, понекогаш и на автопатот.
Со поставувањето на атмосферската канализација се очекува овој проблем да биде надминат. Според тендерската постапка, градежните активности ќе бидат завршени за две недели.
Ново на Сител
-
Активности на премиерот Мицкоски на Безбедносната конференција во Минхен
-
Тексас го погоди земјотрес со јачина од 5,2 степени
-
Зеленски: Украина има мали шанси да издржи во војната против Русија без поддршка од САД
-
Трамп нареди укинување на федералното финансирање на сите што бараат задолжителна вакцинација на учениците против Ковид-19
-
Утрото магливо, а потоа променливо облачно со сончеви периоди и повремен дожд
-
Калаc: САД сакаат кавга со ЕУ
-
Намален прометот во индустријата
-
Почина гинекологот и акушер проф. д-р Јован Јуруковски