Почна Самитот Кина плус 16 европски држави
Во Дубровник денеска се одржува Самитот „16+1“, средба на премиерите на земјите од Источна и Централна Европа со кинескиот премиер Ли Кечијанг. ХРТ јави дека на собирот се придружува и грчкиот премиер Алексис Ципрас, по што Иницијативата станува „17 + 1“.
Шефовите на влади 16+1 (11 членки на ЕУ од централна и источна Европа, како и Северна Македонија, Србија, БиХ, Црна Гора и Албанија) се состануваат еднаш годишно, а Хрватска е избрана за домаќин на овогодинешната осма средба, насловена „Со отвореност, иновација и партнерство градиме нови мостови“.
Состанокот на врвот се одржува во два дела – политички собир и економски форум, а присуствуваат околу 1.000 учесници.
– Овој самит носи нови, големи можности за сите наши држави и нивните економии, отворорајќи можности за малите, средните и големите фирми, изјави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во поздравниот говор.
Во своето обраќање тој зборуваше и за успесите и вредностите кои ги има Хрватска. Меѓу другото, спомна дека Хрватска е мала земја според бројот на жители, но голема по потенцијалот и можностите. Тој рече дека Хрватска, како земја на потекло на вратоврската, ја има на секој посериозен собир.
-Сите имаме потреба од раст на трговијата, изјави кинескиот премиер Ли, во својот поздравен говор. Тој ја потенцираше и потребата од поврзување на економиите.
Ли предводи делегација од 400 претставници на кинески државни и приватни компании и банки кои ќе учествуваат на економскиот ФорумИницијативата 16+1 Кина се смета за интегрален дел мегапроектот „Еден појас, еден пат“ – современ Пат на свилата и еден од најамбициозните проекти во историјата.
Владината делегација од Република Северна Македонија ја предводи премиерот Зоран Заев и во нејзин состав се заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори Кочо Анѓушев, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и министерот за култура Асаф Адеми.
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова ги прифати оставките на Комисијата за помилување
-
Бајден се надева дека последните израелски напади врз Иран ќе бидат „крај“ на директната размена на оган меѓу двете земји
-
Колективна оставка на Комисијата за помилување
-
Најмалку 81 лице го загуби животот во бурата „Трами“ на Филипините
-
Момче пријавило напад и повреда со остар предмет во Карпош, приведен малолетник
-
Пронајдена дрога во Битола, приведени две лица
-
Направени се вонредни инспекциски надзори на неколку универзитети
-
Приведен криумчар на мигранти во близина на селото Богородица