СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ манипулира, пензиите растат и ќе продолжат да растат
ВМРО-ДПМНЕ остави дупка во буџетот на ПИОМ а денес манипулира, пензиите растат и ќе продолжат да растат
Во отсуство на конкретни идеји и проекти, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски продолжуваат да манипулираат со граѓаните.
Откако со нивните криминални и расипнички политики оставија долг од 15 милијарди денари во пензискиот фонд, денес ВМРО-ДПМНЕ манипулира и лажно обвинува.
Ако некој ги кратеше пензиите тоа беше ВМРО-ДПМНЕ како претходна власт која правеше усогласувања надвор од законската рамка и не им го исплаќаше целото покачување на пензионерите кое им следуваше со Закон. Владата на ВМРО-ДПМНЕ треба да одговара за дефицитот на ПИОМ, кој од 2 милијарди во 2006 достигна 19 милијарди во 2017 година. Овој дефицит го плаќаат граѓаните.
За разлика од таквиот однос, новата пензиска реформа обезбедува редовни и повисоки пензии за сегашните и идни генерации. Со неа започнува стабилизацијата на пензискиот фонд, каде токму лошите и неодговорни политики на ВМРО ДПМНЕ оставија долг од 15 милијарди денари.
Владата предводена од СДСМ вистински се грижи за граѓаните и усогласувањето на пензиите ќе го прави два пати годишно и тоа 100 отсто со порастот на трошоците на живот, наместо само 50 отсто како што беше претходно. Со новото законско решение се воведува и дополнително усогласување на пензиите од 1 април, ако бруто домашниот производ во претходната година има реален пораст над 4 отсто.
Политиките на Владата предводена од СДСМ во последните две години обезбеди стабилна исплата и континуиран раст на пензиите. Доказ за тоа се официјалните податоцикоишто покажуваат евидентен раст на пензиите во Македонија. Така, во 2016 година просечната пензија изнесуваше 13.754 денари, во 2017 година 13.954, а во 2018 година 14.421 денари.
Ново на Сител
-
Силјановска Давкова: Наградата е непроценлива за мене
-
Обработени 82,38% од гласовите - ВМРО-ДПМНЕ 59 мандати, СДСМ 18, Левица 6, ЗНАМ 5 мандати
-
ДИК: Обработени 81,87% од гласовите - Силјановска Давкова 449.481, Пендаровски 202.865
-
ДИК: Обработени 80,05% од гласовите - ВМРО-ДПМНЕ 341.255 - СДСМ 117.076
-
Касами: Од утре почнуваат преговори помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН
-
Пендаровски: Резултатите се јасни, честитам на победниците
-
ДИК: Обработени 70,09% од гласовите - Силјановска Давкова 373.799, Пендаровски 171.288
-
ДИК: Обработени 66,86% од гласовите - ВМРО-ДПМНЕ 272.745, СДСМ 93.204