Македонија
2. April 2019 - 12:07

„Талир“ на СЈО одложен за 16 април

Судењето за предметот „Талир“ на Специјалното Јавно обвинителство во кој обвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески кои се товарат за „злоупотреба на службената положба и овластувања“ и „перење пари“, како и Илија Димовски и Леко Ристоски обвинети само за делото „перење пари“ е одложено за 16 април. За истото дело, како правен субјект со обвинението е опфатена и партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Адвокатите на обвинетите побараа од судијата Осман Шабани да го одложи рочиштето со образложение дека со СЈО се договориле да им достават ЦЕ-ДЕ со вербални докази на сведоци по кое би ја подготвиле и одбраната.

На почетокот на денешното судење, обвинителката Ленче Ристовска побара од судот да ја издвои постапката за обвинетиот Никола Груевски кој е во бегство, со цел, како што рече, непречено одвивање на процесот

Според обвинението, тие незаконски добиле најмалку 4,6 милиони евра за партијата, а потоа организирале парите да бидат уплатени на жиро-сметката на партијата преку уплатници на различни луѓе.